Чомовски очигледно сака да е последниот Македонец кој ќе го изгасне светлото на Република Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 8:16

Чомовски: “И со пропаднат референдум ќе се менува името”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Александар Чомовски кој се повеќе ги проповеда политикита на власта на СДСМ и ДУИ во своето вечерашно гостување во “Отвореното студио” на телевизија “Алфа” истакна дека и да пропадне референдумот за промена на иметo – уставните измени се неизбежни а волјата на граѓаните нема да се почитува.

Тој истакна дека Македонија нема алтернатива на ЕУ и НАТО и токму поради тоа Македонија ја очекуваат уставни промени во наредниот период.

Соговорникот на Чомовски Шефик Дураку претставник на Алијансата на Албанците вели дека не очекува референдум – не очекуваат уставни измени а кога ќе се отвори дебатата Алијансата за Албанците ќе побара албанскиот јазик да стане уставна категорија а делот во уставот каде Албанците се споменуваат како народ над 2о отсто да се замени со Албанци.

Во превод Албанците ќе го искористат моментот кога ќе се отвори Уставот да ги изречат своите барања за уставни измени кои ќе ги решат нивните национални прашања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.