На синоќешниот протест полицијата употреби прекумерна сила при што се повредени над 15 лица

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2018 15:18

Шекеринска: На улица нема народ, тоа се платеници! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за одбрана на Република Македонија и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, смета дека синоќа на протестот против потпишаниот договор за името со Грција, пред Собраниие немало народ, туку платени луѓе, кои земале пари и уживале во тоа да напаѓаат полиција.

-Сиве овие денови живееме под нивната психоза, дека чудо треба да се случи, дека народот е на улица. Но, народот не е на улица. На улица се повторно платени луѓе, кои, замислете, ги земаат парите и земаат сатисфакција во тоа што напаѓаат полиција, рече Шекеринска.

На синоќешниот протест пред Собранието на Р. Македонија, против договорот со Грција за менување на името на нашата држава, полицијата употреби прекумерна сила со солзавец и шок бомби, при што се повредени над 15 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.