Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на Фејсбук, не е само жива легенда на американската политика, туку и гласен адвокат за демократија и човекови права.

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2021 20:42

Шеќеринска во посета на Олбрајт, жената што ја уништи Југославија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за правда Радмила Шекеринска, при нејзината посета на САД, денеска оствари средба со поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт, жената што ја Бомбардираше Србија!

Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на Фејсбук, не е само жива легенда на американската политика, туку и гласен адвокат за демократија и човекови права.

– Некогашната државна секретарка на САД, прва жена на таква функција во историјата на САД, која одблиску беше инволвирана во случувањата на Балканот во 90-тите, ме прими во нејзиниот дом во Џорџтаун, кој е сведок на нејзиното богато политичко минато. Ме замоли да пренесам благодарност во Скопје за прифаќањето на евакуираните граѓани од Авганистан кои работеа за невладини организации од САД. Нејзиниот дом го напуштив со силни импресии и со чувство на почестеност што разговарав со важна фигура од врвот на светската дипломатија, чиj збор се уште одекнува и тежи, пишува Шеќеринска во својот фејбук профил.
Олбрајт е со потекло од Чешка, и е првата жена во историјата на САД која служела како државен секретар. 
 

На оваа позиција таа беше од 1997 до 2001 година, во Администрацијата на Бил Клинтон, и за време на конфликтот во Косово и бомбардирањето на поранешна Сојузна Република Југославија од страна на НАТО и САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.