Министерката за одбрана потенцираше дека Македонија но и целиот регион, светот,  живее со опасноста од тероризам.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јануари, 2020 10:54

Шеќеринска за УБ: Македонија но и целиот регион, живее со опасноста од тероризам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во денешното гостување во Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, истакна дека нема причини за загриженост од присуството на невладини организации во земјава поврзани со Иран.

Шеќеринска истакна дека нашите дипломатски односи со Иран се многу скромни, но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија.

Министерката за одбрана потенцираше дека Македонија но и целиот регион, светот,  живее со опасноста од тероризам.

– Ако во еден момент помислите дека тоа им се случува на некои други ќе се разбудите шокирани и непријатно изненадени, бидејќи светот живее под притисок од тероризмот. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои било каква опасност, изјави Шекеринска. Мисијата во Ирак е важна мисија, но таа не е борбена. По нападот и убиството на иранскиот генерал имаше дебата и во нивниот Парламент. Присуството на НАТО во целиот регион е резултат на кризата, изјави министерката Шекеринска во гостувањето на Слободна ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести