На денешната средба градоначалниците дискутирале за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и истата ја оцениле како одлична, со голем број реализирани проекти.

Објавил: admin@magazin | 13 мај, 2019 18:07

Шилегов поклонува дресови на странски државници!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Петре Шилегов, денеска оствари средба со делегација од збратимениот германски град Нирнберг, која беше предводена од градоначалникот Улрих Мали.

Според информациите од Град Скопје, Шилегов оствари средба со градоначалникот Улрих Мали, откако претходната година Петре Шилегов престојуваше на работна посета на Нирнберг каде што Скопје учествуваше на 14. Безграничен фестивал на збратимени градови.

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, оствари средба со делегација од збратимениот германски град Нирнберг.

Денеска градоначалниците дискутирале за соработката меѓу двата збратимени града и истата ја оцениле како одлична, со задоволен број на реализирани проекти и активности во областа на културата, младинската и спортската размена и противпожарната заштита.

„Делегацијата од Нирнберг денеска присуствуваа и на официјалното доделување на донација на градинката ‘8 Април’ во општина Шуто Оризари, а подоцна делегацијата треба да ја посети и канцеларијата на ‘Урбана лабораторија на Скопје’ (Skopje Urban Living Lab) во Старата скопска чаршија, која е отворена во рамките на европскиот проект ‘РОК’ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK)“, информираат властите од град Скопје.

Добрата соработка помеѓу Скопје и Нирнберг датира од 1963 година, кога овој Нирнберг се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести