Шабан Шаулиќ имаше голема кариера зад себе, тој беше миленик на сите генерации и често го нарекуваа кралот на народната музика.

Објавил: Весна Петровска | 7 мај, 2019 12:05

Шокантни детали за човекот кој го усмрти кралот на народната музика

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Покрај тоа што Турчинот Алсин Левент (35) кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ во тој момент бил пијан, истрагата утврдила дека бил под дејство на марихуана. Алсин и понатаму е во истражниот затвор, а според најавите од Државното обвинителство во германскиот град Билфелд, секој ден се чека на извештајот од сообраќајката на автопатот да биде комплетен.

Државниот обвинител Кристоф Македл рекол дека јавноста ќе ги дознае причините за трагедијата која однесе два животи.

– Обвинениот дефинитивно немал возачка дозвола, рекол новинар на регионалниот дневен лист кој известувал за трагедијата. -Таму владееше голема возбуда. Спасувачкиот тим и лекарите на Брзата помош го напуштаа местот на несреќата. Повредените патници веќе беа на патот кон болница.

Автомобилите кои се судрија од силината на ударот, беа превртени под агол од 180 степени на средната коловозна лента, онаа која е предвидена за претекнување, објаснува новинарот. Алсин кој во рој момент ја возел „маздата“, обвинет е за убиство и под итна постапка е спроведен во истражен затвор. – За време на истрагата, веднаш било утврдено дека возачот на Маздата на 17. февруари 2019 година бил под дејсво на алкохол и дрога (канабис).

Шабан Шаулиќ имаше голема кариера зад себе, тој беше миленик на сите генерации и често го нарекуваа кралот на народната музика.

Шабан има три деца со својата сопруга Гордана. Кума на Шабан беше популарната пејачка Зорица Брунцлиќ.

Фолкерот остави богато музичко наследство кое со генерации ќе се негува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...