Убиецот е Горан Јанковиќ кој полицијата по два дена бегство успеа да го фати, тој во полицијата ја раскажа причината за трикатното монструозно убиство.

Објавил: Весна Петровска | 30 мај, 2019 14:11

ШОКАНТНО:Горан кажа зошто ги уби сопругата и нејзините родители- судот донесе одлука

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тројното убиство кое го вознемири Нови Сад полицијата конечно го затвори случајот откако го уапси монструмот.

Одреден притвор на убиецот од Нови Сад

Убиецот е Горан Јанковиќ кој полицијата по два дена бегство успеа да го фати, тој во полицијата ја раскажа причината за трикатното монструозно убиство.

Вишиот суд во Нови Сад му одредил притвор на Горан Јанковиќ осомничен за убиство на сопругата и нејзините родители, во петокот на 24. мај во тој град.

Притворот на предлог на обвинителството му го одредил судија поради опасност од бекство, влијание врз сведоци, повторување на делото и вознемирување на јавноста, соопштило обвинителството.

Јанковиќ бил претходно сослушан во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад пред кое ја изнел својата одбрана во присуство на бранител по службена должност, кој му го одредил новосадскиот суд, бидејќи нема ангажирано адвокат.

Против Јанковиќ ќе биде спроведена истрага поради кривично дело тешко убиство, за кое му се заканува затворска казна до 40 години.

Тој е уапсен во понеделник, после тридневна потрага на полицијата.

Медиумите вчера пренесоа дека Јанковиќ го признал злосторството, наведувајќи дека бил изнервиран затоа што неговата сопруга на 11. мај го пријавила за насилство во семејството

За потсетување, во стан во Нови Сад во петокот со прострелни рани во главата се пронајдени мртви таткото, мајката и ќерката – цело семејство.
Без знаци на живот полицијата го пронашла Бранислав Пајлиќ (57), неговата сопруга Нада Пајлиќ (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести