Без знаци на живот полицијата го пронашла Бранислав Пајлиќ (57), неговата сопруга Нада Пајлиќ (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).

Објавил: Весна Петровска | 24 мај, 2019 9:41

Тројно убиство во Нови Сад: Зетот направил масакр

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во стан во Нови Сад утрово се случило страшно тројно убиство. Со прострелни рани во главата се пронајдени мртви таткото, мајката и ќерката – цело семејство.

Без знаци на живот полицијата го пронашла Бранислав Пајлиќ (57), неговата сопруга Нада Пајлиќ (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).

Полицијата веднаш станот го блокирал за да ги обезбедат доказите од местото на незапамтеното злосторство.

Според првите и неофицијални информации, постои сомнеж дека убиството го извршил зетото на семејството Пајлиќ, на кого му е изречена мерката забрана за приближување и комуницирање.

Против него пред извесен период има поднесено кривична пријава за насилство во семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.