Роналдо бара неверојатна плата од 75 милиони евра годишно

Објавил: admin@magazin | 6 јуни, 2018 14:35

Шок за управата на Реал: Роналдо бара скоро пола милијарда евра за да остане во Мадрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Реал Мадрид го наруши мирот после финалето од Лигата на шампионите со изјава дека „му било убаво во Мадрид“. Па кажа дека не требало да го изјави тоа, па на навивачите им порача „се гледаме следната година“.

А потоа молк и шпекулации. Кристијано отиде со репрезентацијата, а медиумите нагаѓаат околу неговата иднина.

Радиото Кадена КОПЕ објави дека Роналдо на клубот му порачал дека е спремен да остане и да ја заврши кариерата во Реал, потпишувајќи договор до 2024 година, кога би имал 39 години. Но, бара неверојатна плата од 75 милиони евра годишно. Според важечкиот договор кој истекува во 2021 година, Роналдо заработува 42 милиони евра годишно. А во случај летово да го потпише новиот договор, под своите услови, Реал во наредните шест години ќе треба да му исплати 450 милиони евра.

И додека останувањето на Роналдо е неизвесно, Реал е во потрага на нов тренер. Од клубот нема да брзаат, а последниот кој го контактирал Флорентино Перез е тренерот на Јувентус, Макс Алегри, кој пак го одбил кралскиот клуб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...