По 76 дена карантин, рестриктивните мерки во Вухан беа олеснети на 8 април, но многу од продавниците таму се уште се затворени, храната се купува само „за носење“ во рестораните, а кога е на улица, населението сè уште користи заштитна опрема и ја почитува мерката за социјално дистанцирање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2020 16:47

ШТО МОЖЕ СВЕТОТ ДА НАУЧИ ОД ПРИМЕРОТ НА ВУХАН: Животот се враќа во нормала но тоа е само почеток!

Фото/Текст извор: ©блиц.рс

Додека луѓето ширум светот чекаат најава од властите дека пандемијата COVID-19 е победена и животот може да се врати во нормала, постојат и индикации дека тоа може да биде само почеток на кризата предизвикана од вирусот и дека враќањето во живот како што било претходно ќе оди многу бавно.

Еден пример кој укажува на тоа е кинескиот град Вухан, каде пандемијата COVID-19 започна кон крајот на минатата година.

По 76 дена карантин, рестриктивните мерки во Вухан беа олеснети на 8 април, но многу од продавниците таму се уште се затворени, храната се купува само „за носење“ во рестораните, а кога е на улица, населението сè уште користи заштитна опрема и ја почитува мерката за социјално дистанцирање.

Вухан е местото од каде започна да се шири новиот коронавирус…

Наспроти пооптимистичките тврдења, економските експерти веруваат дека економското закрепнување на Вухан ќе трае со месеци, ако не и подолго, објави Си-Ен-Ен.

Сопствениците на локални деловни активности велат дека нивниот профит е сеуште на нула, додека за наемнини за објектите им се потребни големи трошоци.

– Гледано на краток рок, секако ќе се случи закрепнување – прво на производството а потоа на потрошувачката, затоа што луѓето сè уште не сакаат да излезат … но во двегодишна или тригодишна перспектива, вирусот сепак ќе го наруши економскиот раст на Вухан – вели еден економски експерт.

Лекцијата од Вухан е дека иако може да биде штетна за економијата, раното воведување на рестриктивни мерки потенцијално исто така и овозможува на економијата да се отвори побрзо, но проблемот е што малите и средни компании во вакви случаи имаат мал пристап до кредити, што би им помогнале да го премостат периодот на закрепнување , и критериумите за повторно започнување на дејноста, вели Шон Руш за Си-Ен-Ен, главен економист на Глобал Рејтинг на „Стандард Енд Пурц“ за азиско-пацифичкиот регион.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.