Има ли поврзаност упадот во домот на режисерот Јани Бојаџи и вчерашната полициска акција во министерството за култура поради која вработените добиле принуден "слободен" ден

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 11:40

Што се случува во Министерството за култура?

Фото/Текст извор: ©република.мк

Вработените во Министерството за култура вчера биле порано пуштени од работа, во 14 часот, без да им се каже причината за тоа.

Велат дека и порано се случувало да бидат ослободени од работа порано, поради доаѓање на некои делегации, поради што првично не биле изненадени од одлуката.

Но порталот република.мк од свои извори дознава дека станува збор за влез на полицијата во Министерството, а притоа да не биде забележана од вработените.

Сепак вработените кои се задржале во околината на зградата во која работат, забележале дека во истата влегува полиција.

Вчера попладне новинари на порталот се обратиле писмено со новинарско прашање до Министерството за култура, но се уште немаат добиено одговор за причината за вчерашното празнење на зградата на оваа институција.

Се шпекулира дека после 14.30 часот биле изнесувани документи оттаму.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...