По инцидентот во Косово со навреди кон турското малцинство "казнено" Дедај именуван за амбасадот во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 7:44

Ѓерѓ Дедај нов амбасадор на Косово во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Косово по скандалот во кој јавно упати навреди кон претставниците на турската заедница на барање на премиерот си поднесе оставка по што претседателот на Косово [ ќе ] го именува за амбасадор во Македонија.

И косовскиот весник “Зери” пишува дека веста ја има потврдено самиот Дедај преку неговиот профил на социјалната мрежа “Фејсбук”. Декретот за неговото назначување за нов амбасадор на Косово во Македонија го објави самиот Дедај при што се заблагодари на косовскиот претседател Хашим Тачи за дадената доверба иако од кабинетот на Тачи претходно само потврдија дека Дедај е потенцијален кандидат.

Ѓерѓ Дедај е роден 1954 година во Ѓаковица и моментално е претседател на Либералната партија на Косово. Бил потпретседател на косовското Собрание па заменик министер во Владата а извршувал и други политички функции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.