Постапката веќе е започната а ќе се испитаат сите можни аспекти за незаконитост

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 14:15

Јавното обвинителство ќе ги испита грантовите на Фондот за иновации

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Основното Јавно обвинителство ќе отвори предмет со кој ќе се испита законитоста на грантовите кои неодамна ги додели Фондот за иновации и технолошки развој.

Меѓу компаниите кои добија грант се и оние на министрите Кочо Анѓушев и пратеникот Хари Локвенец од СДСМ.

“Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти за предметот а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамките на третиот столб од Планот за економски развој – прв инвестициски бран.” – стои во краткото соопштение на Јавното обвинителство кое ќе постапи по допрен глас.

Предметот ќе го води Основното Јавно обвинителство за гонење на огранизиран криминал и корупција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.