Режисер и уметник своето име во Јанез Јанша го промени во 2007-мата година како долгогодишен перформанс при што сите документи се на ова име освен партиската книшка

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 6:29

Јанез Јанша (уметник): Ако Македонија стане Северна тогаш делот во Грција треба да се преименува во Јужна Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

“Што е името толку непопустливо да се држиме до него?” вака го започнува својот перформанс уметникот Јанез Јанша од Словенија кој е роден под името Емил Хрватин.

Тој и уште двајца уметници колеги ги сменија нивните имиња пред 11 години и предизвикаа бранување во политиката на својата земја пресметувајќи се на некој начин со моќните политички структури.

Нивниот проект почнува така што тројцата се зачленуваат во една од најголемите партии во нивната земја “Словенечка демократска партија” ги посетуваат штабовите и учествуваат во партиските активности. Во 2007-ма година предизвикуваат општа сензација со тоа што одлучуваат да го сменат своето име и да се прекрстат во Јанез Јанша лидерот на партијата.

Од тогаш почнува авантурата која ќе предизвика интерес не само во Словенија туку и во уметничките кругови низ светот. Тројцата официјално се прекрстуваат во Јанез Јанша менувајќи го името во своите патни исправи – лични карти – возачки дозволи – кредитни и дебитни картички – во своите изводи и сите други документи.

Единствено не успеваат да го сменат името во своте партиски книшки. Партијата одбила да им одговори на седумте испртени барања. Емил Хрватин во Македонија зборуваше на оваа тема а на прашањето кое би било разумно решение во спорот со името со Грција сега кога власта во Македонија го прифатила новото име Северна Македонија одговори:

“Мислам дека можеме на работите да им пристапиме на политички иновативен и позрел начин. Ако договорот беше името на државата да се промени во Северна Македонија автоматски тогаш се поставува прашањето “Добро – ако ние сме Северна Македонија a каде е Јужна?” Дали тогаш во учебниците и на картите и македонските и грчките оној дел од Македонија кој е во Грција дали ќе се преименува во Јужна Македонија. Дали ќе биде тоа така на картите или ќе биде Северна Македонија нешто што вечно ќе биде во потрага по својот југ. Нели би било подобро ако веќе мора да постои Северна да постои и Јужна. На некој начин да се постави граница како што е случајот со Северна и Јужна Кореја. Мене ми се чини тоа е повторно европски проблем – проблем на европската дипломатија – која доколку е поквалитетна тој проблем одамна ќе беше решен.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.