На 12 Јули Владата објави дека низ 15 градови во Македонија ќе се слави поканата за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.

Објавил: Македонка Димкин | 14 јули, 2018 22:36

„Љубојна„ му кажа не на Заев, откажан концертот во Струмица!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Локалното Радио СТРУМИЦА НЕТ  објави вечерва дека настапот на Љубојна бил откажан вечерва околу 18 часот. Љубојна вчера имаше изјави дека незнаеле што потпишале и дека од медиумите дознале за карактерот на концертот.

Деновиве Владата поточно лично Зоран Заев објави дека низ 15 градови во Македонија ќе се слави поканата за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.

„Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина! рече тој во директното обраќање на нацијата.

Сепак вечерва доживеа фијаско и едно големо НЕ за начинот на кој што тој се однесува спрема Македонскиот народ. Македонскиот народ вечерва еднаш повеќе ја препозна лажната вест од ПР тимот на актуелната влада. Имено Македонската јавност имаше можност да слушне директно од шефот на НАТО дека Македонија може во НАТО само ако и само ако го промени уставното име Република Македонија. Македонските граѓани не дозволија да бидат изманипулирани и не го удостоија Заев на неговата инсценирана прослава.

Република Македонија е признаена од повеќе од 138 земји ширум светот по уставното име Република Македонија  Republic of Macedonia со Македонски Јазик или Macedonian Language. Ако сега Македонскиот народ се согласи со „договорот потпишан„ со Грција, сето тоа што се градело со години треба да се избриши и што е најстрашно треба да се избришеме самите себе, тоа е факт и овој факт не е политички наменет да и послужи на некоја партија туку да го разбуди македонскиот народ бидејќи крајно е опасно и брутално нефер спрема македонскиот народ, народ кој е мирољубив и чесен и со векови се бори само за едно , да биде тој што е Македонски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.