Македонија загадена и во пролет

Објавил: admin@magazin | 25 март, 2019 10:07

Ќе го реши ли власта аерозагадувањето и дали ќе ги казни „трујачите“?!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонија повторно е загадена! Ова го покажуваат резултатите од апликацијата „Мој воздух“ на која вчеравечер во Карпош се измерени дури 129/100 AQI.

Инаку AQI – Air Quality Index, е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока, и над 100 – екстремно висока.

Граѓаните на Карпош преку социјалните мрежи вчера се запрашуваа што ли се случува во нивната општина, бидејќи многу мирисало во ноќните часови.

Загадено вчера и денес е и Тетово каде загаденоста изнесува 116 милиграми ПМ честички на метар кубен.

Инаку во моментов не се спроведуваат вадини мерки против аерозагадувањето, нема бесплатен јавен градски превоз, индрустријата загадува исто како и несовесните домаќинства.

Една од причините за продолжување на зимскиот распуст на учениците, покрај епидемијата на морбили, бее токму и високото аерозагадување.

Градот Скопје апелирше до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите во зимскиот период да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ-амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво, без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

Министерството за животна средина објави телефонски броеви за секоја општина „Пријави загадувач“ , но загадувањето и натаму продолжува во големи размери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.