Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира граѓаните да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво и медијапан, да користат јавен градски транспорт или да споделуваат превоз-повеќе патници во еден автомобил.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 декември, 2019 10:39

ДОМ: Редно е да се превземат итни мерки против аерозагадувањето, веднаш!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради енормното аерозагадување во градовите, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

  1. Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
  2. Стопирање на сите градежни активности во градските средини
  3. Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
  4. Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
  5. Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
  6. Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената
  7. Ослободување од работа на бремените жени и лицата со хронични респираторни и кардиоваскуларни болести

Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира граѓаните да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво и медијапан, да користат јавен градски транспорт или да споделуваат превоз-повеќе патници во еден автомобил.

Болниците низ земјава се полнат со пациенти кои бараат помош, најчесто тоа се хронично болните лица.

Македонија буквално се гуши,  и вчера беше измерено екстремно загадување во воздухот.

Не излегувајте од дома ако немате потреба. Мерните станици во Струмица, Битола, Скопје, Тетово и Кочани, покажаа над-нормално загадување. 

Во Струмица вчера беа измерени рекордни 362 µg/m3, додека мерната станица во Битола покажува висока концентрација на ПМ честички, дури 242 µg/m3, во Тетово пак 216 µg/m3, што е значително над дозволеното, исто така и во Миладиновци се измерени високи 161 µg/m3.

Експертите препорачуваат да избегнете подолги периоди на отворена површина. Додека на мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат од дома без посебна потреба.

Кога воздухот е загаден остануваат препораките од лекарите : Ограничени движења на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма) но и за лица кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони во градот.Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, девет од десет луѓе дишат загаден воздух секој ден, што доведува до загуба на седум милиони човечки животи секоја година од болестите предизвикани од ова зло, како што се рак, мозочни и срцеви удари, потоа други заболување на крвоносниот систем и на белите дробови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.