Што се однесува до другите градови, висока загаденост е измерена во Кичево, Битола и Струмица.

Објавил: Мате Парлоф | 5 декември, 2020 20:55

МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Политичарите спијат, граѓаните се трујат со загаден воздух

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мерните единици на апликацијата „Мој воздух“ вечерва измерија 306 ПМ10 штетни честички на метар кубен во Кавадарци.

Потоа воздухот е најзагаден во Скопје. Во населбата 11 Октомври измерени се 237 ПМ штетни честички, во Мацир Маало 194, во Ново Лисиче 261, а во Гази Баба 161 ПМ 10 штетни честички на метар кубен.

Нивото на загаденост во Република Македонија по градови.

Висока загаденост вечерва е измерена во Кичево, Битола и Струмица.

Под загадување на воздухот се подразбира внесување на нови некарактеристични физички, хемиски и биолошки материи во [Атмосфера|атмосферскиот] воздух или промена на одамна веќе присутните концентрации на овие материи во животната средина. Загадување на воздухот е широк термин применет на хемиски, физички (на пр. честички), или биолошки агенси кои ги менуваат природните карактеристики на атмосферата. Загадувањето на воздухот е една несакана состојба на природната средина каде што воздухот е загаден со супстанции што се штетни за здравјето на човекот.

Загадувач на воздухот е секоја супстанца која може да предизвика штета на луѓето и животната средина. Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честички, течни капки или гасови. Освен тоа, тие можат да се природни или создадени од човекот.

Загадувачите би можеле да се класифицираат како примарни или секундарни. Обично примарните загадувачи директно се испуштаат од даден процес, како пепелта од вулканските ерупции, јаглеродниот моноксид од испустите на моторните возила или сулфурниот диоксид ослободен од фабриките.

Секундарните загадувачи не се испуштаат директно, туку тие се создаваат во воздухот со реакциите или заемодејствата меѓу примарните загадувачи. Важен пример на секундарен загадувач е приземниот озон — еден од многуте секундарни загадувачи кои се составен дел од фотохемискиот смог. Некои загадувачи можат да бидат и примарни, и секундарни, односно тие се испуштаат директно, но исто така се создаваат од други примарни загадувачи.

Загадувањето на воздухот во домовите, како и квалитетот на градскиот воздух се наведени како два од светските најголеми проблеми со загадување во извештајот од 2008 за најмногу загадени места на Институтот Блексмит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести