Во 11 часот продолжува 53-тата седница на законодавниот дом

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 9:18

Ќе се гласаат ли измените во Изборниот законик?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието на Република Македонија денес во 11 часот во сала “Македонија” ќе продолжи со работа по 53-тата седница на која како точка 12 од дневниот ред е и предлог Закон за изменување на Изборниот законик по скратена постапка кој нелегитимно доби Европско знаменце и на несоодветната Комисија за европски прашања ги отфрли сите 401 амандман поднесени од ВМРО – ДПМНЕ.

Ако се суди по редоследот законодавниот дом треба да продолжи со точка 4 или Предлог за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од 24-члениот дневен ред во кој до точка 12 има и 6 предлог Закони за дополнување и изменување од кои 2 се со Европско знаменце но и точка за Завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година.

Зависно од текот и исходот од преговорите кои започнаа со задоцнување добрите познавачи на политиките не ја исклучуваат можноста Талата Џафери да добие зелено светло да го измени дневниот ред и да го стави на гласање пред пратениците предлог Закон за изменување на Изборниот законик по скратена постапка за чие донесување се потребни 61 пратенички глас во поддршка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.