четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Адвокатот Адеми Исеини тврди дека нема докази за дела кои ги сториле нејзините клиненти

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 13:17

Ќе се прогласат ли терористите и убијците од “Диво Насеље” за невини?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк
Остатоците во голем дел од куќите од кумановско Диво Насеље по вооружените пресметки меѓу терористите и македонските безбедносни сили.

Таа вели дека во конкретниот случај имаме злоупотреба и надминување на полициските надлежности: “Кога велам злоупотреба мислам на наредба за напад” со што треба да е јасно дека провокациите започнале од страна на полицијата која ги надминала овластувањата.

Жртвите од македонските безбедносни сили кои го бранеа уставниот поредок на Македонија.

Денес продолжи судското сослушување за конкретниот случај каде што се слушна сведоштвото на жители од населбата Диво Насеље во Куманово. Од друга страна оштетените од случајот “Диво Насеље” роднините на полицајци кои загинаа сведочеа дека се приклучуваат во кривичното гонење и дека ќе бараат надомест на штета.

Инаку на обвинетите во случајот “Диво Насеље” во Апелациониот суд во Скопје им се суди за настаните што се случија на 9-ти и 10-ти мај 2015-та година во “Диво Насеље” кога беа убиени 8 а ранети 37 припадници на македонские безбедносни сили.

Според обвинението 29 лица се обвинети за тероризам и за уривање на уставниот поредок на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.