Заев вети дека ќе направи ребаланс на буџетот по завршувањето на преговорите со Грција, што значи по вода ќе заминат милијарди евра предвидени за капитални инвестиции

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 14:01

Џабе се раскопа Водно, гасоводот го стопира Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Доколку Владата се одлучи да ја прекрои државната каса, прва жртва на ребалансот ќе биде гасоводот.

Наспроти оптимизмот дека изградбата на гасоводот на Водно ќе се деблокира и дека парите ќе се искористат до крајот на годинава, министерот Горан Сугаревски призна дека тоа нема да се случи.

Иако не прецизира колку пари ке се скусат, уверува дека средствата што нема да се искористат за изградба на овој стратешки проект, ќе се пренаменат за други проекти.

Се што сметаме дека може да се потроши до крај на годината ќе остане во буџетот и ќе се троши за капитални инвестиции. Не е работата парите да стојат, туку да се трошат. Останаа голем дел од парите, беа превдидени 2 милијарди денари, ќе видиме на крај. – вели Сугаревски.

Иако овој проект има највисок удел во инвестициите под надлежност на Министерството за транспорт, реализацијата на гасоводот досега е минимална и изнесува едвај 8.6%.

Ребалансот ќе го закачи и Јавното претпријатие за станбен и деловен простор каде неискористени лежат 4 милиони евра а пренамена најверојатно ќе има и за 7 милиони евра што се неискористени во Бирото за метрологија, 5 милиони евра во Службен весник и уште 3.5 мил евра нераспределени средства од дивидендата за 2016.

Кога ќе биде ставен ребалансот на буџетот пред пратениците, премиерот Заев рече дека ќе зависи од преговарачкиот процес за договорот со Грција. Министерството за финансии информира дека прекројувањето е генерално направено, но документот нема да биде испратен до Владата се дури не заврши преговарачкиот процес за иднината на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести