Пратениците кратко информирани дека седницата ќе започне во 15:30 часот

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 јули, 2018 13:04

Џафери закажа Седница за распишување на Референдум за промена на името

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заев си остана на зборот. Ќе се оди на Референдум кој ќе биде консултативен и со прашање “Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”

Референдумското прашање со ова е јасно дека двосмислено но е и правно грешно.

Прашањето за кое поддршка дадоа СДСМ – ДУИ и БЕСА точно гласи “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција” иако правно Република Македонија не е потписник на таков Договор затоа што во истиот е именувана како “втората страна” каде се цитираат Резолуции на Обединетите Нации а првата страна јасно е наведено дека е Грција.

Во Договорот со Грција – Македонија не е никаде спомната. Таа се именува само како втората страна па прашањето е грешно.

Ова значи дека одлуката на Референдумот дури и да се постигне излезеност од 50% плус еден гласач ќе има само консултативно влијание врз Одлуката на Владата и Собранието на Македонија но не и правно обврзувачко дејствие во понатамошните постапки.

Договорот за промена на името и одлуките кои ги носи со себе во законодавниот дом каде од потребните 81 пратенички глас Заев сега има 9 помалку ќе треба да се гласаат со 2/3 мнозинство.

Решението е донесено на денешната средба на Талат Џафери со координатите на пратеничките групи.

Ваквото решение на самиот почеток е пропаднат обид на Заев и Ахмети на мала врата да го реализираат Договорот за промена на името за што се и свесни. Зошто тогаш трошење на народни пари кога нема политички договор? Прашање кое за Заев очигледно не заслужува одговор!

На трите продолженија од лидерската средба беше постигнат договор само за измени во Законот за Влада – изборот на ДИК и Законот за финансирање на политичките партии.

По ова се очекува да се изјасни и ВМРО – ДПМНЕ. Партијата прво ќе треба да соопшти дали ќе присуствува на ваков вид седница на законодавнио дом.

ВМРО – ДПМНЕ како најголема политичка партија ќе мора да ја соопшти и Одлуката дали партијата ќе ги повика членовите – симпатизерите и граѓаните на бојкот што е се поизвесна по игнорантскиот став на СДСМ и ДУИ со двосмислени прашања да се стигне до промена на името на државата и негирање на идентитетот на Македонскиот народ.

Над 85% од Македонците се јасни во ставот дека прашањето треба да е она што во суштина и претставува Договорот со Грција познат и како Договор за промена на името: “Дали сте за промена на Уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.