Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, кој е во посета на Москва, и неговиот руски колега Сергеј Шојгу вчера одржаа средба и изразија надеж за можност за дипломатско решение на голем број прашања

Објавил: Перо Милчин | 12 февруари, 2022 14:16

Џонсон: Предупредете ја Москва дека постои пакет тешки санкции

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера им порача на сојузниците дека стравува за безбедноста на Европа поради ситуацијата во Украина, соопштија од неговиот кабинет.

Тој имаше видеосредба со лидерите на САД, Италија, Полска, Романија, Франција, Германија, Европскиот совет, Европската комисија и на НАТО, на која се разговараше за актуелната ситуација во однос на Украина.

Британскиот премиер ја нагласи потребата сојузниците од НАТО да стават до знаење дека има пакет строги економски санкции подготвени за воведување доколку Русија донесе штетна и деструктивна одлука да ја нападне Украина“, соопшти кабинетот на Џонсон.

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, кој е во посета на Москва, и неговиот руски колега Сергеј Шојгу вчера одржаа средба и изразија надеж за можност за дипломатско решение на голем број прашања.

Шојгу претходно изјави дека воената и политичката ситуација во Европа станува сѐ понапната, но нагласи дека за тоа не е виновна Русија.

Тој изрази уверување дека Русија набргу ќе одговори на предлозите на САД и НАТО за европската безбедност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести