И поранешниот министер за одбрана на Велика Британија и поранешен Генерален Секретар на НАТО, во секој град и село ќе ги промовира вредностите од успешен референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 10:25

Џорџ Робертсон на трибина во Битола за промена на името

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Како претседател на новоформираната неформална “Охридска група”, Робертсон најави дека се активираат во кампања за референдумот и поранешни дипломати и странски функционери, за кои не е јасно како го регулираат својот престој во Македонија при агитација во изборен процес?

Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, претседател на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечер ќе престојува во Битола каде ќе учествува на јавна трибина на тема „Излези ЗА Европска Македонија“.

Како што е познато, британскиот политичар Робертсон, беше десеттиот генерален секретар на НАТО кој функцијата прв човек на НАТО ја вршеше во периодот од 1999 до 2004 година, токму во периодот кога следеше косовската бегалска криза и беше бомбардирана Србија.

Организаторот најавува дека на трибината ќе учествува и македонскиот координатор за НАТО Стево Пендаровски, а нивни домаќин е градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Во групата “Охрид” ред до ред поранешни “дипломати”

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести