Шекеринска и Пендаровски на едно место ги собраа "виновниците" за сите конфликти на Балканот изминатите 30 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 9:06

Во групата “Охрид” ред до ред поранешни “дипломати”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

“На 30 септември ќе имате можност да направите историски избор. Дали сакате да го отворите патот за членство на вашата земја во НАТО и во ЕУ со поддршка на договорот со Грција? Ние – Групата “Охрид” ве повикуваме да кажете “да”.

Но кој се тоа се “ние” и колку “тие” имаат право да се мешаат во внатрешните работи на Македонија па и да сугерираат на граѓаните на Македонја Одлука на Референдум за промена на името и националниот идентитет?

Групата “Охрид” како е најавено е неформална група што ја сочинуваат актуелни и поранешни и политичари и високи меѓународни претставници што беше формирана во април годинава за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ – поточно од страна на министерката за одбрана Шекеринска и националниот координатор за НАТО Пендаровски.

Во групата членуваат: лорд Џорџ Робертсон поранешен генерален секретар на НАТО како нејзин претседател – Карл Билт поранешен специјален претставник на ЕУ и ОН за Балканот – Хавиер Солана поранешен генерален секретар на НАТО – Росен Плевнелиев поранешен претседател на Бугарија – Ален Ле Роа поранешен специјален претставник на ЕУ во Скопје – амбасадорот Волфганг Ишингер – претседател на Минхенската конференција за безбедност – амбасадорот Роберт Гелбард поранешен специјален пратеник на САД за Балканот – Дејмон Вилсон потпретседател на Атланстксиот совет и политичкиот аналитичар *Зоран Чичак.

*Зоран Чичак е основач на партијата Југословенска левица со која претседателствуваше Мира Марковиќ сопруга на Слободан Милошевиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.