Милионски суми пари на граѓанит во медиумите во поддршка за кандидатите

Објавил: Узунов Бобан | 26 април, 2019 10:46

10 милиони евра пари на граѓаните за рекламирање на партиите: Еве кој колку се офајдил од парите за кампања

Фото/Текст извор: ©магазин

Парите се мајчиното млеко во кампањата- е изрека често употребувана на претседателските избори во Америка. Вложените пари во кампања за политичко рекламирање, лобирање и организација на митинзи и настани и во Македонија достигнаа милионски суми и за овие претседателски избори, а за медиумите од објавените податоци видливо е дека предизборието е “пeриод на жетва”. 

Етичката дилема е кога тие пари со политички договор се обезбедени од даночните обврзници како што тоа го направија најголемите политички партии во Македонија и заеднички го изгласаа во Парламентот.

Дилемата која никој не ја постави во овој период, требаше тоа да се направи уште со измение на Изборниот Закник во февруари оваа година, зошто граѓаните со суми од 10 милиони евра да ги плаќаат медиумските кампањи на партиите и претседателските кандидати ?

Без голема помпа во јавноста помина политичикот договор на партиите кој беше преточен со измени на Изборниот Законик во февруари оваа година каде во  членот 76-д се предвиде Државната изборна комисија со пари од буџетот да го плати платеното политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања кај радиодифузерите, печатените и електронските медиуми (портали). Според правилата, тројцата кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, БЕСА и Алијанса може да потрошат максимум по 3,2 милиони евра или по 110 денари пари на граѓаните за секој од 1.8 милиони запишани избирачи.

Телевизиите го добиле најголемиот дел од рекламниот колач на предизборната кампања на тројцата кандидати за претседател на државата, а добар дел од колачот овој пат добиле и порталите, како се повлијателни медиуми на интернет просторот. 

Според вториот извештај  до ДИК,на кандидатите, четири медиуми добиваат најмногу средства од партиите: Канал5, Сител, Телма и Алсат.

Сител, Канал 5 и Телма се телевизиите кои најмногу се офајдиле од изборите. На контото на Сител се 168 илјади евра –  или околу 95 илјади евра од Силјановска-Давкова и  74 илјади евра од Пендаровски. На второ место е Канал 5, на чија сметка легнале  104 илјади евра56.8 илјади евра од Пендаровски и и 49 илјади евра од Силјановска. Телма од претседателските избори до сега се збогатила за 58.000 илјади евра, и 38 илјади евра од кандидатот на СДСМ и 20 илјади евра од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од порталите, најмногу се „збогатиле“ Курир, Лидер, Денешен и неколку останати, кои од Гордана Силјановска-Давкова добиле 952.924 денари. Следат порталите Вечер, Вести.мк и Весник.ком, кои добиле 362.906 денари и порталот Република со 352.454 денари, исто така само од Силјановска-Давкова.

Од естрадата во извештајот на Гордана Силјановска-Давкова се наведени хонорари на уметниците ангажирани за партиската кампања.  Најголеми хонорари, или 123.000 денари земаат Наум Петрески, Миле Кузмановски и Андијана Јаневска, кои ги забавуваат присутните пред почетокот на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ. Актерите Зоран Љутков и Јелена Жугиќ за најава на Силјановска-Давкова наплаќаат по 61.500 денари 

Реакции во јавноста имаше за спорното доделување средства за 1тв. Имено покрај огромното пробивање на рокот за доставување на ценовник за платена политичка програма до ДИК,  телевизијата „1 ТВ“ на Бојан Јовановски- Боки 13, добила дозвола од државната изборна комисија да емитува реклами за изборната кампања по претходно донесено Решение на граѓанскиот суд во Скопје во кој потпис ставила судијката Сузана Дончевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.