Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 9:11

17 години од потпишувањето на Рамковниот [Охридски] договор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 13-ти август 2001-ва година беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија.

Документот по повеќедневно услогласување во Охрид во Скопје го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски тогашниот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и претседателите на СДСМ Бранко Црвенковски на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери.

Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА која формираше политичко крило познато и како ДУИ и македонските вооружени сили во Конфликтот т.е. војната во 2001-ва. Поради тоа многу граѓани особено од македонска националност го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.

Во својство на гаранти документот кој е познат и како Охридски договор го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. 

Охридскиот договор ја ужива поддршката од Меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок како единствена рамка за развој на државата. 

Повеќе од 130 закони законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор од кои најголем дел 59 се закони за недискриминација и правична застапеност 40 се во сферата на идентитет култура образование и децентрализација на власта.

Собранието на Република Македонија во март годинава со 64 гласа “за” без против и воздржани го донесе Законот за јазиците без амандманска расправа. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот.

Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија централни институции – јавни претпријатија – агенции – дирекции – установи и организации –  комисии – правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции – службен јазик – покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо т.е. албанскиот јазик. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.