Статистиката на светска Банка, поразителна за македонското општество, Македонија веќе нема нов, млад и едуциран кадар кој би сакал да остане и работи во државата за минималец

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 6:46

50 отсто од младите во Македонија се невработени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Се поголем е бројот на млади луѓе без работа. Податоците што ги објави Светска банка покажуваат дека се намалува и бројот на активното население.

Работоспособните не сакаат да работат и не бараат работа. Иако реалноста е дека работат на црно во земјите од ЕУ и се обидуваат да го регулираат својот престој.

Миграцијата, пред се на младите, се зголемува. Бројките за македонскиот пазар на труд се алармантни. Бизнисмените веќе и порачаа на Владата дека треба да престане со привлекување на странски инвеститори зошто нема вработени.

Од Светска банка пак алармираат дека Македонија обезбедувањето на квалификуван кадар, е едно од барањата за влез во Европската Унија. За да се зголеми ефиканоста на економијата, клучна алка е ефикасноста на пазарот на труд.

Многу е важно да почнете да инвестирате во образование на младите, проблемот со вештините на работоспособното население е очигледно. Новите иновативни компании не можат да најдат квалификувана работна сила. За тоа проблемот е големата миграција, а од другата страна се намалува бројот на ученици кои што се запишуваат во основно и средно образование. – рече Сања Маџаревиќ Шуистер, виш економист Светска банка. Друг проблем е што Македонија има најмала продуктивност на трудот во Европа. Проблем на македонскиот пазар на труд е и малата мобилност на работоспособното население.

Треба да работите на мобилност на работната сила, луѓето да можат лесно да се селат од една на друга работа ако не е одржлива, да има мобилност низ сектори и низ региони.

Треба да имаат адекватни вештини да можат да мигрираат во различни професии и да сменат работа ако има во друг регион. Имате три пати поголема невработеност на североисточниот споредено со југоисточниот регион. Овие региони се многу блиску но има големи разлики меѓу регионите. – додава Сања Маџаревиќ Шуистер, виш економист, Светска банка.

Овој процент е се уште висок споредено со европските земји. Во исто време невработеноста кај младата популација се зголемува и достигна до 50 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.