Doug Bandow, поранешниот советник на претседателот Реган, Македонија е најновата нација што ќе биде поканета во Алијансата, но како тоа ја подобрува безбедноста на Америка (и Европа)?

Објавил: admin@magazin | 21 јули, 2018 22:07

Doug Bandow: На Америка не и е потребен уште еден слаб сојузник на НАТО како Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин

На минатонеделниот самит на НАТО, претседателот Доналд Трамп ги осуди сојузниците за искористување на американските даночни обврзници. Потоа ги одобри последните субвенции. Тој дури се согласи да се покани една воено слаба земја како Македонија, да влезе во НАТО, со што ќе се додаде уште една нација на нашиот воен сојуз.

Кога Џорџ Вашингтон ги предупреди Американците за “страсна врска” со други земји, можеби мислел на Балканот. Всушност, неколку децении подоцна, Џон Квинси Адамс ги критикуваше предлозите за поддршка на Грција против Отоманската Империја, која тогаш владееше во тој регион. Америка “не оди во странство во потрага по чудовишта за уништување”, рече тој.

До 20 век, Балканот беше во превирања. Германскиот “канцелар на железо”, Ото фон Бизмарк, предупреди дека “големата европска војна ќе дојде од проклета глупост на Балканот”. Тоа е токму она што се случи во 1914 година.
Потребни се децении и две светски војни за стабилизација на Балканот. Но, по завршувањето на Студената војна, Југославија, што се појави од претходните пресврти во Европа, се распадна. Едно од помалите парчиња беше Македонија.

А, зошто Македонија да влезе во НАТО?
Некои американски креатори на политиката сметаат дека членството во сојузот претставува средство за социјализација на државите како Македонија, помагајќи им да се придвижат кон демократијата. Сепак, Европската Унија, која поставува стандарди со кои се регулираат низа домашни политики, отсекогаш била подобра за оваа задача, а членството во ЕУ не наметнува безбедносни обврски кон Вашингтон. Со решавањето на спорот за името првично се реши проблемот и Скопје би можело да го започне процесот на пристапување во ЕУ – ако Европејците се подготвени. Тој проблем е од  Европа  а не одговорност на Вашингтон.

Линк до оригиналот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.