Силни пораки од опозицискиот лидер

100 души од ДУИ управуваат со 2 милиони народ, Ковачевски на тацна им ја подари Македонија, вели Мицкоски

ДУИ и СДСМ се лицето и опачината на една иста паричка. Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на главниот стопан Ахмети....

Калина Мартинска / 9 април, 2024 17:53

„Македонија повторно горда, Гордана за претседател“

Народот си дојде по своето – Голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Пред Владата на Република Македонија се оддржа првиот сенароден собир во организација на ВМРО ДПМНЕ со кој се одбележа почетокот...

Калина Мартинска / 4 април, 2024 22:57

Нема менување на Устав под бугарски диктат!

Мицкоски: Лажат дека со промена на Устав ќе влеземе во ЕУ, се однесуваат како полтрони и кон Бугарија и кон меѓународната заедница

Мицкоски: Лажат дека со промена на Устав ќе влеземе во ЕУ, се однесуваат како полтрони и кон Бугарија и кон меѓународната...

Македонка Димкин / 14 март, 2024 8:42

Постапката на Битиќи за Мицкоски е без преседанс, а неговото однесување го отцени како некултурно и дрско, кое говори за карактерот на човекот кој е платен со народни пари.

Мицкоски до Ковачевски: Ако не го разрешиш Битиќи, само ќе потврдиш дека си обичен измеќар на други интереси

 Слободата на говорот е загарантирано уставно право и ги охрабрувам новинарите да поставуваат што е можно повеќе прашања...

admin@magazin / 14 октомври, 2023 19:31

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку законот за амнестија се носи по скатена постапка и со европско знаменце, ќе побара од највисоките тела на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот.

-ВМРО – ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за амнестија и за него бидејќи нема европско знаменце ќе мора да се дисктутира по стандардна процедура и тогаш отворено кажуваме дека ќе го блокираме. А, ако решат да ги злоупотребат своите овластувања, како што тоа го направиле многу пати досега и повторно злоупотребат скратена процедура и европско знаменце, тогаш ќе побарам од ИК и ЦК на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот, порача денеска од Струмица Мицкоски.


Во обраќањето на Втората годишна конференција на Унија на ветерани на партијата насловена „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“ тој рече дека сега пред избори власта со Законот за амнестија прави сценарио за слобода на голем број криминалци кои ќе им помогнеле во изборната кампања.

– Ковачевски плаќа висока цена за својата коалиција и силно го деградира нашето општество каде принципот на неказнивост стапува на сила. Криминалците не се плашат од одговорност, затоа што самата Влада продуцира неодговорност. Од друга страна, со мирна совест излегуваат и си велат дека следеле европски практики. Никаде во Европа нема терористи да ви убијат пет луѓе, од кои четири деца како што е случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати ќе ги пуштат на слобода со законот за амнестија, рече Мицкоски.

Оддавајќи им почит на секој член на Унијата на ветерани на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека партијата има бурна историја полна со емоции, различни гледишта и дека произлегувале партии и фракции во минатото, но сите подоцна се враќале и повика на обединување.

-Луѓето од власта се свесни дека ќе им се случи народ и ќе им се случи тежок пораз и единствено им преостанаа византиските игри. Па, така пред некој ден се состанале Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Спасовски. Се состанале за да прикажат дека се единствени и сплотени. Од тоа што се прави ја покажува, всушност, спротивната теза дека се длабоко поделени и раскарани. И добро е што се сретнале затоа што така пропадна уште една теза на одредени кругови на власта, па и на оние нивни лакеи во опозицијата дека имало каква било тајна коалиција меѓу ВМРО – ДПМНЕ и Заев, посочи Мицкоски.

Додаде дека упатува порака до Меѓународната заедница за да види што прави оваа Влада, бидејќи државата не постои само за едно прашање-уставните измени, додека многу други теми и прашања важни за народот поминуваат без коментар од нејзината страна.

-Многу е ова важно затоа што многумина во македонското општество ова го потценуваат и многумина денеска се обидуваат да ни кажат дека ако не го прифатите диктатот во кој не сме ни биле учесници, тогаш за нас нема Европа. Навистина жалам што повторно по којзнае кој пат Европа е доведена во заблуда од страна на криминални политичари во Македонија и на Балканот исполнувајќи ги бугарските интереси за жал е заложник на руската политика на Балканот. Македонија и ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш во историјата биле и се стремеле и имале прозападна ориентација. Немало дилема од самото формирање до ден денешен, потенцираше Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ, која е наследник на историското ВМРО, е пред прагот повторно да го обедини македонскиот народ и граѓаните во Македонија на следните парламентарни избори за историска рекордна победа.

– Имајќи го сето ова предвид мојата порака денеска од овде е не за диктати кои се носат помеѓу корумпирани политичари и тесна група на луѓе. ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане прозападна политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ не е ниту пробугарско, просрпско, прогрчко, ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија за македонско национално единство и е промакедонско, било и ќе биде. А мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател и додека сум, жив нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот, подвлече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

На годинашната конференција на Унија на ветерани на партијата се обратија и претседавачот Мане Јаковлевски и генералниот секретар Сашо Дранго, кои ја искажаа поддршката на претседателот Мицкоски и раководството на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието, ако амнестијата се носи со европско знаменце

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку законот за амнестија се носи по скатена постапка...

Мате Парлоф / 1 октомври, 2023 17:51

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицкоски за Маричиќ: Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера ги коментираше денешните случувања во Собранието и според него нормално...

admin@magazin / 29 септември, 2023 6:01

Претходно, прашан во врска со заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ во кои се вели дека ќе биде свикана втора меѓувладина конференција веднаш штом земјава ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени во согласност со внатрешни процедури, Мицкоски рече:

„Е сега ако ја гледаме Преговарачката рамка (со ЕУ) таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија, може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи“

360 степени“ вчера потсети дека во Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан лани во јули, пишува:

„Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“.

Во заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ, пак, се „поздравува намерата на Северна Македонија да започне и да ги направи потребните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од други народи, како Бугарите“.

Мицкоски: За уставни измени со „одложено дејство“ ќе бараме гаранти да бидат ЕУ и САД

Ова го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител, прашан...

Мате Парлоф / 9 јуни, 2023 6:07

Во СДСМ знаат дека на следните избори ќе изгубат и затоа спас бараат во коалиционите партнери ДУИ и Али Ахмети, кажа Мицкоски. Тој оценува дека наместо одговорност за криминал, корупција и континуираното иселување на младите, СДСМ дава поддршка на националистички теми на ДУИ како проверена карта за гласачите пред секој изборен циклус.

Мицкоски: Нема промена на Уставот, формирање техничка влада и да се одржат предвремени избори

Нема хотел-пратеници како за Преспанскиот договор, затоа да не се губи време и најдоцна до пролет да се оди на предвремени...

admin@magazin / 20 ноември, 2022 18:46