Има ли јунак во оваа наша напатена држава Македонија да ја земе работата во свои раце, или пак јунаците се само мит од историјата.

Објавил: Перо Милчин | 5 мај, 2020 12:34

БЕЛЕСКИ: Има ли јунак во оваа наша напатена држава Македонија да ја земе работата во свои раце?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До кога тоа некој ќе бара права во Македонија дури повеќе и од Македонците и дали и КОРОНА ВИРУСОТ напаѓаше по таа основа, Македонци, Турци, Срби, Албанци? Дали Македонија има пари да става двојазични табли во земјата каде што всушност по закон сите мора да го знаат Македонскиот јазик? Зошто?

Кое е решението за бесконечната криза во Македонија: Да се заборави Груевски? Да се по апсат Заев и Ахмети или Мијалков и Камчев, или пак да му се даде шанса на Мицкоски на кому му треба нашата поддршка, вели во најновата колумна македонскиот активист Васко Белески.

Како инаку да го сватиме ќутењето на гласачите за предавството на Заев ако и тие немале некоја корист од него. Се е поврзано како свински црева, вели Белески.

Има ли јунак во оваа наша напатена држава Македонија да ја земе работата во свои раце, или пак јунаците се само мит од историјата, кои не успеале да се сликаат, палејќи свеќи по цркви за мир и здравје, или пак како немо гледале по гробови од јунаци опеани од Македонскиот народ?

Што е правилното?

Има ли јунак во оваа наша напатена држава Македонија да ја земе работата во свои раце или пак јунаците се само мит од историјата, кои не успеале да се сликаат, палејќи свеќи по цркви за мир и здравје, или пак како немо гледале по гробови од јунаци опеани од Македонскиот народ?

Ние навистина немаме повеќе време за егзибиции, под мотото да пробам, да ветам, ако не ќе се откажам, бидејќи од досегашното незнаење и лакомост на дел од истите лидери на партии, се дозволи да го изгубиме од пред нос светото име (се надевам не на долго) а и на пат сме да не прекрстат во некој непознат народ и непознат јазик.

А кубурот, кубурот го чуваме „за не дај боже„

ПОВТОРНО МОЛК освен некои похрабри новинари од Македонски телевизии.

На моето прашање зошто, зошто опозицијата „делува„ така незаинтересирана, ми се кажува ТОА Е РЕАЛ ПОЛИТИКА, демек мене ми објаснуваат што било тоа РЕАЛ ПОЛИТИКА, а патем зборот потекнува точно од германскиот кој одлично го говорам.

И да, во оној момент кога мислиш имало и искрени политичари, одеднаш и тие веќе се заќутиле и можеш да претпоставиш зошто, точно така, им ветиле нешто, можеби нова функција, или пак уште 4 години клечење во Собрание.

Според она што досега го видовме се чини дека голем дел членуваат или пак одат во партија токму со една цел, како подобро да живеат?!

Како инаку да го разбереме тоа што доктори, професори, академци, се откажуваат од она за што учеле, за да клечат во Собрание? Како инаку да го сфатиме ќутењето на гласачите за предавството на Заев ако и тие немале некоја корист од него. Се е поврзано како свински црева.

Сите грабаат кај што ќе стигнат, крадат подмукло под капата на патриотизмот.

А од друга страна слушаме црквата била обединувач, за да доживееме кога народов падна во криза, да се сокријат и да го остават на цедило.

Кое е решението за бесконечната криза во Македонија: Да се заборави Груевски? Да се по апсат Заев и Ахмети или Мијалков и Камчев, или пак да му се даде шанса на Мицкоски на кому му треба нашата поддршка.

За џамиите пак и да не зборувам, и таму не се знаело ни кој пие ни кој плаќа и прашање е зошто ги има толку кога верниците се иселија оставајќи зад себе куќи од цигли а голем дел и немалтерисани, чуму џамии на секој 200 метри кога немаат болници за лекување вели мојот пријател Арбен?

И до кога тоа некој ќе бара права во Македонија дури повеќе и од Македонците, и дали и КОРОНА ВИРУСОТ напаѓаше по таа основа, Македонци, Турци, Срби , Албанци? Дали Македонија има пари да става двоојазични табли во земјата каде што всушност по закон сите мора да го знаат Македонскиот јазик?

Зошто?

Чудни и можеби нелогични прашања но и те како потребни во моментов и некој треба да ги одговори!

И на крај кратко, дали конечно ќе сфатиме дека и едните и другите работеле за себе, не гледајќи го притоа интересот на народот, на гласачот? Или како поинаку да го сватиме самопрогласениот сезнајко Васко Ефтов кога во целата кариера ниту еднаш не успеал да направи интервју со Ахмети, Муса Џафери, Сашо Мијалков, Никола Груевски? (или јас сум *јанглаш?)

И овде мислам одговорот е многу дециден, поголемиот дел од Народот во Македонија само навидум се патриоти, додека во позадина се исти како и нивните лидери, зошто инаку би ги гласале, зошто инаку би ќутеле, каде е Кубурот?

И да драги мои Македонци, ќутењето не ја менува надворешноста туку само самиот тебе.

Едно е јасно јас повеќе нема да ќутам, бидејќи тоа не го заслужуваат идните генерации, не го заслужуваат ни сегашниве генерации, а нај малце го заслужуваат оние кои својот живот го дадоа за Македонија!

*. Јанглаш – Се користи кога некој не е во право ( Јанглаш си )
Ставовите изнесени во текстов се мое лично видување и не се наменети како навреда кон некој или некого!

КОЛУМНА НА ВАСКО БЕЛЕСКИ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...