Честитки до менторот и тимот професори кои несебично ја водеа низ процесот. Сестро, многу успеси на професионален и приватен план од срце ти посакувам.

Објавил: Владо Марин | 18 октомври, 2020 11:01

Ова е убавата сестра на Мицкоски: Се вика Ивана и неодамна имаше славење во нивниот дом- ДАЛИ ЛИЧИ НА НЕЈЗИНИОТ БРАТ(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©galama

Добро познато е дека премиерот Зоран Заев го има својот брат Вице Заев кој е успешен бизнисмен и не така често се појавува во медиумите, а додека пак лидерот на Вмро-дпмне, Христијан Мицкоски ја има сестрата Ивана која неодамна одбрани докторската дисертација на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и стана доктор по фармацевтски науки.

„Јас сум мирен човек, не се сметам за мистериозна личност, затоа што сум јавно достапна личност која што главно се движи во родниот град Струмица, каде што си ги вршам моите семејни и деловни обврски.

Моите бизниси, лично што ги работам, се врзани со Струмица и од тие причини не можам да бидам пасивен или изолиран од јавноста“, кажа неодамна во едно од своите ретки интервју Вице и додаде:

„Јас се гордеам што сум брат на Зоран Заев. Целото семејство е гордо на него. Секако дека и јас и сeмејството чувствуваме товар и одговорност, и тоа големи, токму поради тоа, како што велите вие, што е најмоќниот политичар во Македонија во едно време кое значи предизвик и шанса за државата.

Прекрасно е чувството кое што го имам заради тоа што токму мојот брат е претседател на Владата на Република Македонија. Но, од друга страна, тоа предизвикува постојано да сум под лупа на јавноста, што е нормално.

Од друга страна помалку познат факт е дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сестра. Станува збор за Ивана Митревска.

Таа долги години е во брак со Жани Митревски, познат како диџеј Песинџер.

Тој е еден од пионерите на македонската техно сцена чија активна работа на сцената датира уште од 1992 година, кога тој е одговорен за првите техно журки и радио шоуа во Македонија.

Неодамна Христијан Мицковски сподели објава на својата фејсбук страна, а причината беше токму неговата сестра, а во истата се вели:

„Ивана денес ја одбрани докторската дисертација на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и стана доктор по фармацевтски науки.

Честитки до менторот и тимот професори кои несебично ја водеа низ процесот. Сестро, многу успеси на професионален и приватен план од срце ти посакувам.

Честитки до менторот и тимот професори кои несебично ја водеа низ процесот. Сестро, многу успеси на професионален и приватен план од срце ти посакувам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.