Од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија за да им помогнат на другите здравствени работници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 март, 2020 22:31

НОВИ ПЕТ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА- Бројот на заболени се искачи на 31!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вкупната бројка на заболени во нашата земја изнесува 31 пациент.

Од попладневните 5 новозаболени, освен четирите здравствени работници од Дебар, исто така позитивен е тестот и на сопругата на утрово дијагностицираниот пациент чијшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митев“. Таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Другите 4 заболени се здравствени работници од матична установа од приватна здравствена установа од Дебар.

Дел се носители, само позитивни, веројатно дека ќе ја развијат болеста – беа скринирани како резултат на поширокиот скрининг којшто започна да се прави во овој регион.

Од утре во дебарската болница ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија за да го надополнат капацитетот и да помогнат на останатите здравствени работници – епидемиологот и тројцата инфектолози, вклучително и инфектологот од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Целосно сме свесни дека здравствените работници се едни од најекспонираните и за време на работата и надвор од здравствените установи, но ние мора да правиме се за да ги заштитиме, заради тоа што во овие услови како и во сите други тоа е многу потребно. Мора да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем за сите. Нема да има оправдување за ниту еден кој нема да се придржува до мерките коишто се донесени како одлуки на Владата. Мора да биде нивото на свест за почитување на овие одлуки исклучително високо заради тоа што од тоа зависи јавното здравје, важно за сите нас. Исклучително важно е за здравствени работници, заради тоа што тие требаат сега, како што требале порано, како што ќе требаат и понатаму кога овие моменти ќе бидат далечно минато. Тие здравствени работници имаат семејства кои се грижат за нив. Макотрпно и пожртвувано работат, се жртвувале во текот на животот, се едуцирале за да помагаат на нашите сограѓани.

Упатувам порака до колегите, здравствени работници – трудот и напорот и улогата којашто се дава во овој момент е непроценлив. Апелирам до граѓаните останете дома и најстрого придржувајте се до мерките за заштита и превенција, рече министерот Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...