На граничните премини се поголема фрекфенција на возила и патници

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 12:26

На Табановце за излез од државата се чека и до 45 минути

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зголемена фреквенција на граничниот премин Табановце за излез од државата се чека од 30 до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат дека на граничниот премин Табановце е забележана зголемена фреквенција на возила каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.

Од АМСМ додаваат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува внимателно возење прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација а посебно во клисурите и засеците можна е појава на одрони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести