Кишиќ Тепавчевиќ на прес-конференција во Палатата на Србија рече дека „засега не е предвидено  лицата кои се позитивни на корона вирус да бидат сместени во просториите на Белградскиот саем и дека нивниот здравствен систем има капацитет да ги смести пациентите позитивни на коронавирус“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2020 16:30

РОДИТЕЛИ ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Вакцинацијата на децата не смее да престане ниту во екот на епидемијата со Коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик директорката на Институтот Батут, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, изјави денеска дека во пресрет на епидемијата со вирусот коронарн, „српскиот здравствен систем се подготвува за најлошото сценарио кое ги зафаќа некои земји, но дека сè уште се надеваат и посакуваат дека таквите капацитети со кои располагаат нема да им бидат потребни“ .

Децата мора да се вакцинираат тековно и покрај прогласување на епидемијата со Коронавирус!

Кишиќ Тепавчевиќ на прес-конференција во Палатата на Србија рече дека „засега не е предвидено  лицата кои се позитивни на корона вирус да бидат сместени во просториите на Белградскиот саем и дека нивниот здравствен систем има капацитет да ги смести пациентите позитивни на коронавирус“.

“Ваквите капацитети се подготвуваат не само во Белград, туку и низ целата земја, но засега нема потреба. Принципот на организација на здравствениот систем во сите делови на нашата земја е ист. Кога станува збор за организирање на различни видови сместување, сè е организирано на истиот принцип како во главниот град”. рече Тепавчевиќ Кисиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека во моментот е намален бројот на деца кои  доаѓаат на вакцинација, што е разбирливо со оглед на околностите со епидемијата на вирусот корона, но ќе се изврши реорганизација на примарната здравствена заштита, што ќе овозможи  тековна вакцинација.

“Недвосмислен е ставот дека вакцинацијата не треба да се прекинува. Многу наскоро ќе се појават епидемии на болести кои се барем толку сериозни како оние со вирусот корона”, рече Тепавчевиќ Кишиќ, додавајќи дека родителите би биле известени кога ќе бидат обезбедени условите за вакцинација на децата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.