До крајот на денов во државава ќе имаме сончево и релативно топло време со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 19 степени.
Потоа во следните денови ќе има уште поголем пораст на температурите на воздухот, и тоа поради понатамошен продор на топол воздух од југ.
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува, особено за викендот.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, особено од петок кога во најтоплите предели истите има услови да се искачат до 25 степени.
За време на викендот во попладневните часови локално ќе има услови за повеќе облачност и услови за локален краткотраен дожд.
Подготви: Славчо Попоски
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.