Во ексклузивен разговор за Магазин, мајката на убиеното момче Пино, Маја Трпковска вели дека правдата за убиениот син се надева дека ќе излезе на виделина колку е можно поскоро и конечно убијците ќе ја добијат заслужената затворска казна.
Маја Трпковска за убијците на нејзиниот син очекува доживотен затвор, бидејќи во Македонија нема смртна казна. А дел од вработените во полицијата кои останаа глуви на нејзините апели да си го добијат заслуженото.
За судењето на нејзиниот син вели дека до сега била задоволна од судиите што работеле на случајот, но вели дека неодамна и соопштиле дека ја смениле едната судијка и судењето што требаше да продолжи на 27 мај е одложено на 11 јуни со новиот судија. Се надева дека во поскоро време судењето ќе добие конечен епилог.
Таа е свесна дека животот мора да продолжи понатака, но не знае како и нај кој начин ќе ја надомести тагата за изгубеното дете.
Помина повеќе од една година од убиството на вашето синче Пино Секондо, како се чуствувате после свирепиот чин?
После смртта на моето синче Пино, за мене повеќе ништо не е исто. Животот ми се промени. Живеам за да ја истерам правдата во оваа земја и се надевам дека кога ќе дојде тој ден ќе почувствувам спокој и мир во душата.
Мојата цел е да биде достигната правдата во оваа држава и убијците на мојот син конечно да го добијат заслуженото.
Судењето се одложи неколку пати, дали сметате дека одложувањето на судењето е поради моменталната состојба со пандемијата или има друга позадина?
Искрено речено не знам, имавме вонредна состојба во државата, но судењето продолжи. На 29 април беше последното судење, но мене не ми дозволија да влезам во судницата, бидејќи според полицијата што мереше температура на влезот во судот јас имав 37.7 степени.
Нешто не беше во ред. Мислам дека има и други работи и сигурна сум дека ова беше намерено исценирано, бидејќи веднаш штом отидов дома, измерив и темературата ми беше 35. Имам и доказ. Знаеме добро сите, Македонија е волшебна земја. Доволно е да имаш добри роднини и се “Ќе биде ОК”.
Како сте задоволни од досегашниот тек на настаните за судењето на убиецот на вашиот син? Сметате ли дека требаше побрзо да се реши случајот?
Задоволна бев од судиите што работеа досега, ама неодамна ми соопштија дека ја смениле едната судијка и судењето што требаше да продолжи на 27 мај е одложено на 11 јуни со новиот судија. Почнувајќи не велам од почеток ама скоро од почеток, бев задоволна, а понатаму незнам како ќе биде. Сето ова ми делува како изживување на сета болка што ја носам во душата.
Мислите ли дека има политичка позадина во целиот случај со разрешувањето, судењето за убиството на Пино?
Поробувам самата да се убедам дека нема, ама според сите мои сознанија има замешано луѓе што имаат голема влијателност во Република Македонија. Не велам за убиството на моето синче, ама после убиство убедена сум дека ДА, некој ги штити убијците.
Дали има новости во врска со убиецот на Пино? После долг период дали можеби е пронајден Али Фуркан?
Колку што јас знам НЕ. Луѓето кои ги носат најзаштитените униформи, ми спуштаа телефони кога прашував дали знаат нешто за мојот син и ми велеа “ЖЕНО НЕ ЗАМАРАЈ” а тие истите по некое време дојдоа да ми го кажат тоа што веќе сите го ОЧЕКУВАВМЕ…УБИЕН Е ПИНО.
Имате ли контакт со Ангела, дали можеби се покајала, извинила вам како мајка на убиеното момче?
Во судството таа се прогласила како НЕВИНА. Инаку имаме докази дека не е така, не е како што вели таа. Никој не ми се извинил до сега, никој не чуствува ни трошка одговорност за смртта на моето дете.
Што очекувате од правдата во Македонија?
Не знам што да очекувам, не знам дали постои правда во Македонија. Би сакала и посакувам правда да има, но за жал не постои.
Моето Синче Пино Секондо е убиен во Љуботен и никогаш нема да има правда, исто како и за многу деца и синови во Македонија.
Дали мислите дека ако се промени власта во Македонија, ќе дојде конечно правдата во судските клупи?
Нема да има промени. Барам Јавното Обвинителство да истражува што се случува и кој се е замешан после убиството на моето дете.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.