До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во попладневните часови во северните предели ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд, ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер претежно од западен правец.
Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Локално и повремено ќе има нешто повеќе облачност, а ќе дува и ветер од јужен и од југозападен правец, истиот повремено ќе биде засилен по интензитет.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во најтоплите предели од државава до крајот на неделава се очекуваат температури и до 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува некаде од 8 до 10.
Подготви: Славчо Попоски
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.