Меки и вкусни кифлички предлог за утрешниот доручек!
Се замесува меко тесто од дадените состојки и веднаш се дели на 4 дела.
Секој дел посебно се дели на 4 топчиња. Секое топче се расукува во мала коричка која се премачкува со омекнат маргарин и се редат 4 корички една врз друга, а последната останува немачкана.
Треба да добиете 4 купчиња со корички. Се зема едно купче и се расукува во голема кора која де расекува на 16 триаголници,на секој триаголник се става од претходно подготвениот фил и се мотат кифлички. Кифличките се редат во плех на хартија.
Истото се повторува со другите купчиња. Направените кифлички се оставаат да стасат 2 часа во тепсиите.
Кога ќе поминат 2 часа се премачкуваат со јајце разматено со малку млеко и се посипуваат со сусам. Почнуваме со печење од првата направена тепсија.
Се печат на 200 околу 25-30 минути да добијат убава боја.
Состојки:
1 кг и 600 гр брашно
500 мл кисело млеко
500 мл пресно млеко
2 лажици зејтин
4 лажици шеќер
4 лажици сол
1 квасец
фил:
300 гр спанаќ
200 гр сирење
2 јајца
150 гр маргарин
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.