Атињаните ги преплавија плажите денес бидејќи ова е прв викенд без никакви ограничувања да се наметнат поради пандемијата на вирусот корона.
Убавото време и високите температури ги принудија Грците во голем број да излегуваат на плажите каде, очигледно, не се почитуваа мерките за социјална дистанца што се уште се препорачуваат заради пандемијата.
Плажата на грчкото езеро Вулагмени, плажите на Кавури и Глифади беа полна со млади и семејства со деца, бидејќи температурата во Атина за овој викенд се предвидува на дури 35 степени.
Следниот викенд метеоролозите во Грција предвидуваат дека ќе биде уште потопло и дека температурата би можела да достигне и до 39-40 степени, а тогаш би можело да дојде до уште поголема гужва на плажите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.