Да потсетиме, “бомбите“ кои СДСМ ги пушташе со желба да го сруши кредибилитетот на челниците на ВМРО-ДПМНЕ и да ја симне партијата на чие чело беше Груевски од власт, беа предадени од Верушевски

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2020 11:17

ВЕРУШЕВСКИ ПО ТРЕТ ПАТ РУШИ ВЛАДА: Заев дојде со “бомби“, на власт со “бомби“ ќе си замине!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Зоран Верушевски откако му помогна на Зоран Заев со “бомби“ да дојде на власт, сега е во поход со “бомби“ да му помогне да падне од власт.

Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник, објави Курир.мк.

-Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел, рече Заев.

Оваа изјава ја даде Заев откако во јавноста излегоа разговорите каде тој зборува за СЈО, за Камчев, за Сорос…

По бројните скандали, овие “бомби“ дополнително го обезличија екс-премиерот Заев.

Неговиот пријател и соработник Верушевски со кој заедно беа осомничени во „Пуч“, тргна во поход да сруши трета Влада. Откако помогна во рушењето на Владите на Љубчо Георгиевски и Никола Груевски, овој човек сега сака да го турне од власт и лидерот на СДСМ.

Да потсетиме, “бомбите“ кои СДСМ ги пушташе со желба да го сруши кредибилитетот на челниците на ВМРО-ДПМНЕ и да ја симне партијата на чие чело беше Груевски од власт, беа предадени од Верушевски.

Па сега се отвора дилемата кој е мотивот на Верушевски за да го снима Заев? Освен што ја изгуби довербата од граѓаните, сега се ниша и неговата позиција во СДСМ.

Вакви снимки од Верушевски добивал и Љубчо Георгиевски, а тоа тој го обелодени по заканите кои почна да ги добива од СДСМ. Како што изјави тој, Зоран Верушевски и нему му нудел тајно снимани приватни телефонски разговори, секако за пари, и дека дел од нив му демонстрирал лично со пуштање на разговори кои го компромитираат СДСМ и тогашниот лидер на партијата Бранко Црвенковски.

Јавното признание дека Верушески на Љубчо Георгиевски му презентирал прислушкувани материјали поврзани со владите на СДСМ и Црвенковски во периодот 2003- 2004-та година, е уште еден доказ дека Верушевски практично не запрел да уценува и нуди вакви материјали.

„Бомбите“ се оружјето со кое Верушевски по трет пат руши Влада. Заев со задоволство ги прими и објави минатите “бомби“, криејќи ги разговорите меѓу него и сопартијците, а пуштајќи само тонски разговори од луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, сега народот почна да ги слуша “бомбите“ за Заев кои се на добар пат да го турнат од власт исто како што слични на нив-го донесоа таму.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.