тре и во сабота сеуште ќе дува умерен северен ветер кој повремено ќе засилува!

Објавил: Владо Марин | 21 мај, 2020 9:16

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска времето во државава ќе биде претежно облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Во Скопје денеска ќе има услови за повремен локален дожд а ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи само до околу 20 степени.

Потоа утре и во сабота ќе имаме стабилно и суво време без врнежи, во недела пак попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Утре и во сабота сеуште ќе дува умерен северен ветер кој повремено ќе засилува.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...