Како да едвај чекаше да се отворат границите по пандемијата со коронавирусот, па пејачката веднаш се упати на патување во Монако. На ова патување замина заедно со својот сопруг да одмори далеку од очите на јавноста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2020 16:57

НЕВЕРОЈАТНА ПРОМЕНА НА ЛЕПА БРЕНА- Ја промени фризурата и сега изгледа уште поубаво!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите ја познаваме Лепа Брена како згодна, русокоса која слободно може да се спореди со виното, колку е постара толку е поубава.

Како да едвај чекаше да се отворат границите по пандемијата со коронавирусот, па пејачката веднаш се упати на патување во Монако. На ова патување замина заедно со својот сопруг да одмори далеку од очите на јавноста.

И додека пејачката се одмораа во природа, сонце и плажа ги изненади фановите споделувајќи фотографија на која може да се види розеникава нијанка на косата.

Фановите веднаш се запрашаа дали можеби после толку долги години пејачката решила да го промени својот имиџ.

Брена доби многу позитивни реакции од  фановите.

Секако мора да признаеме дека и вака изгледа одлично, но сепак пејачката оваа промена ја направи само преку филтер апликација на социјалната мрежа Инстаграм.

Фахрета Живојиновиќ е правилното име на пејачката, а таа  е родена во Тузла, 20 октомври 1960 , Босна и Херцеговина) позната под името „Лепа Брена“ е југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

Поради финансиски причини, Брена го напуштила студирањето по една година и се вратила во Брчко, каде почнала да пее за хонорари во домот на култура „Васа Пелагиќ“. Во тоа време новосадската музичка група „Лира шоу“, на чело со Саша Поповиќ, распишале конкурс дека бараат пејачка, и се договориле со Брена да работат заедно. На 5 април 1980 година, и покрај противењето на татко ѝ, Брена заминала со воз во Бачка Паланка, каде имала договорен настап. а првиот настап со групата бил по еден месец, на 6 мај, во хотелот „Турист“. По две години, групата „Лира шоу“ во 1982 година добиле постојан ангажман во хотелот „Парк“ во Нови Сад. Есента 1981 година, групата била ангажирана во Белград, каде Брена снимила ЛП со десет нумери. Таа година, групата го сменила името во „Слатки грех“. Милован Илиќ Минимакс добил снимка од настап на Брена, и во својата емисија Претежно ведро го пуштил со духовити коментари, и ја нарекол лепа.

Во 1983 година, го снима својот втор албум, каде се појавиле песни што станале хитови. Се натпреварувала за југословенскиот избор за Евровизија, а брзо потоа Рака Ѓокиќ станал менаџер и извршен продуцент на групата.[6] Следела првата голема турнеја низ Југославија, 17 концерти во Сава центар, снимање на филмови, како и освојување на „ОСкар на популарноста“. Во 1984 година учествувале на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сараево, и оствариле серија на концерти низ Европа, САД, Канада и Австралија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.