Вели дека немало никаков инцидент во ресторанот „Дистрикт“ во кој наводно учествувало неговото обезбедување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јуни, 2020 18:10

МИЈАЛКОВ СЕ ОГЛАСИ ПО ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ: Станува збор за манипулација од поединци, немало никаква тепачка!

Фото/Текст извор: ©опуштено.мк

Откако вчера доцна вечерта во јавноста излезе веста дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и бизнисменот Зоран Милевски Кичеец, кој  е третообвинет за случајот Рекет се степале во скопски локал, денеска Мијалков ја демантираше веста и рече дека станува збор за дезинформација. 

Вчера вечерта во јавноста како бомба одекна веста дека се степале Сашо Мијалков и Зоран Кичеец…

Вели дека немало никаков инцидент во ресторанот „Дистрикт“ во кој наводно учествувало неговото обезбедување.

– Од некои медиуми прочитав за наводниот инцидент кој се случил синоќа во ресторанот „Дистрикт“, и можам да кажам дека станува збор за чиста измислица. Манипулација подготвена од поединци кои веројатно не се способни за ништо друго. Најостро ги демантирам сите лаги дека воопшто сум бил присутен во ресторанот и дека јас или некој од моето обезбедување учествувале во каква било физичка пресметка. Тоа што мене ме загрижува е медиумскиот простор кој се одвојува за ваквите лаги. Тоа покажува дека одредени медиуми воопшто не ги интересира вистината и професионалното работење. Напротив, слепо се извршуваат нарачките на одредени центри кои се јасно анти НАТО и анти ЕУ поставени – вели Мијалков, за Опуштено.мк.

Веста за инцидентот ја објави Љупчо Палевски преку Фејсбук, па Мијалков побара од него јавно да се извини за оваа вест која воедно е неточна. 

– Ликот кој прв ја постираше оваа невистина и не го крие тоа, доколку не се извини за лагите ќе одговара за клевета пред судот, бидејќи против него ќе поднесам тужба поради штетата која ја нанесува на мојот углед. Понатаму негова е одлуката дали ќе сака да ги штити оние кои му го нарачале измислениот текст. Имено, се говори дека иницијатор на целата оваа измислена приказна е еден сомнителен лик кој се претставува како надворешен советник на министерот за внатрешни работи, кој наводно го држел под контрола МВР. Соработниците од типот на Љупчо Палевски или Миленко Неделковски, Инфомакс и некои други медиуми кои се одбрани да ги пласираат и шират неговите лаги се одамна прецртани од нашите стратешки партнери бидејќи имаат друга агенда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.