Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јули, 2020 17:57

ДВЕ НОВИ МЕГА БОМБИ ЗА ЗАЕВ: Јас го земав СДСМ, Бранко нема никакво влијание! Имам капитал 8,5 милиони евра, се сам финансирам!

Фото/Текст извор: ©инфомакс.мк

Денеска нови аудио мега бомби од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разговор кој Зоран Заев го водел со непознато лице, објави Инфомакс.

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

Зоран Заев: Јас го презедов СДСМ и јас го финансирам сам СДС. Не ми треба ни Бранко ни луѓето на Бранко. 

Го терам сам. Да заврши едно миље на Бранко целосно во СДС.

ХХ: Како ќе заврши?

Зоран Заев: Како? Он нема никакво влијание во СДСМ.

ХХ: Он нема влијание во СДСМ?

Зоран Заев: Бранко…

ХХ: Зоки многу го потценуваш човекот.

Зоран Заев: Јас имам 8.5 милиони евра капитал.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести