По препорака на Комисијата за заразни болести, негативен тест на ковид-19 ќе треба да приложат граѓаните на Србија, Б и Х, Црна Гора и Косово, доколку планираат да влезат во Македонија.
Од утре, државјани на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да приложат негативен ПЦР – тест на ковид-19, не постар од 72 часа, доколку сакаат да влезат во Република Македонија.
Владата вечерва на седница го усвила предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителен ПЦР – тест при влез во државава од овие четири држави од регионот, соопштија од Министерството за здравство, најавувајќи повеќе детали во владиното соопштение по завршување на седницата.
Препораката што ја усвои изутрина Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно со информациите добиени од медицинските власти во овие земји.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.