Таа посочи дека треба да се решат проблемите со специјализантите, додека се во државата, и не заминале надвор да бараат работа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2020 19:53

Силјановска: На почетокот на мандатот ќе ги зголемиме платите за 50% на медицинскиот персонал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Проф. Др. Гордана Силјановска Давкова, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1  денес оствари средба со здравствените работници.

“Туку што заврши средбата со 30 лекари и лекарки и друг персонал. Искрено им завидувам. Посакувам државата да се однесува кон нив како тие кон нас. Тоа се моите хероини и херои. Мислам дека она што е вградено во Обновата во сферата на здравството во голем дел е нивен предлог. Посакував да се оствари идејата за клинички центар. Сигурно ќе беше веќе готов. Наместо да се дислоцира, во наводници, не знаеме каде, далеку од градот, иако секаде клиничките центри се во најстрогиот центар за да им бидат достапни на сите. Мислам дека целосно во ред е одредбата од обновата. На почетокот на мандатот да се зголемат платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал. Тоа е не само заслуга за надчовечките напори што ги направија туку тоа е и логичен чекор за да се сочуваат оние кој што се најкомпетитивни да не одат надвор”, потенцираше таа.

Таа посочи дека треба да се решат проблемите со специјализантите, додека се во државата, и не заминале надвор да бараат работа.

“Идејата за дежурни матични лекари како и идејата за формирање на болница за дневен престој мислам дека е час поскоро нужно решение што треба да се реализира. Проблемите со специјализантите веднаш треба да се решат додека се овде со нас и додека не заминале по светот. И да бидам искрена јас како некој што сакал да студира медицина но во последен момент направил погрешен чекор денеска имав задоволство да се дружам со инзворедно умни, инзвонредно хумани, инзворедно посветени луѓе кои ја заслужуваат мојата доверба и мојот респект. Знам дека сме во сигурни раце. Се надевам дека една друга власт ќе го препознае тоа и соодветно ќе го награди нивниот труд и ќе го стимулира нивниот понатамошен ангажман за здравјето на популацијата но и за здравјето на самата држава”, истакна Гордана Силјановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...