Добро му е рамислувањето на овој преставник од ДУИ ама не ми е јасно како неизлегувањето на референдумот на македонското гласачко тело го сфатија како јасна порака за промена на името, уставните промени и влез во НАТО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2020 11:37

ЈАКИМОВСКИ: Според Груби ВМРО-ДПМНЕ треба да формира Влада!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и претседател на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, на својот фејсбук профил ги коментираше тезите кои Артан Груби ги спомена во вечерашното интервју.

Стевчо Јакимовски (р. 27 август 1960 во с. Подржи Коњ, Кривопаланечко) — претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и поранешен градоначалник на Општина Карпош.
По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Исто така, Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.
Функцијата градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат. За време на неговиот мандат како градоначалник, општина Карпош е прогласена за најпосакувана дестинација за живеење, според анкетата на ЦИА спроведена во декември 2011 година. Исто така општината е прогласена за општина со највисока транспарентост (во 2010 година од страна на Форум Аналитика), општина со најголема социјална инклузија (од страна на Институтот „Евро Балкан“ во 2010 година), најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата (од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012), а општина Карпош стана единствена општина-членка на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн (EHEDG), кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата општина.

Супер епа тогаш вака стојат работите по таа математика, Во коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, ГРОМ има еден пратеник, Социјалистичка партија има два и ДПСМ на Стоиљковиќ еден. Значи 44 пратеника за Обнова на Македонија минус 4 на коалиционите партнери се 40 на ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Можеме на чело со СДСМ има четири пратеника на БЕСА, два од ЛДП, два од НСДП, еден на ДОМ, еден на ВМРО- НП, еден на ДС, еден на ПДТ значи од вкупно 46 минус 12 на коалиционите партнери останува СДСМ со 34 пратеници.

Сега прашуваме кој треба да добие мандат за состав на влада по теоријата на Артан Груби, ВМРО ДПМНЕ со 40 или СДСМ со 34 пратеници?

Второ, интерсена теза исфрли господинот Груби дека излезноста кај македонското гласачко тело јасно става до знаеење дека е незадоволно од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ. Тоа значи дека македонското гласачко тело јасно дава подршка за третата опција, а тоа е ДУИ, така вели Артан Груби. Добро му е рамислувањето на овој преставник од ДУИ ама не ми е јасно како неизлегувањето на референдумот на македонското гласачко тело го сфатија како јасна порака за промена на името, уставните промени и влез во НАТО.

Како тамо не ја препознаа јасната порака кај македонското гласачко тело за несогласување со промена на уставното име.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести