Популарен мит е дека славниот сликар, кој почина пред точно 500 години, почина во 1520 година на 37-годишна возраст од сифилис затоа што имал премногу љубовници.

Објавил: admin@magazin | 28 јануари, 2022 10:09

ПОЗНАТИОТ СЛИКАР ПРЕД 500 ГОДИНИ УМРЕЛ ОД КОРОНА: Еве како научниците дошле до тој заклучок- сликарот криел од нив една тајна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рафаело Санцио де Урбино или Рафаело Санти италијанскиот уметник, архитект од Фиренската школа кој е претставник и твори во времето на ренесансата, кој го опфаќа периодот од XV век до првите години на XVI век, починал од еден вид на коронавирус.

Рафаело бил примен во болница, со тешка дијагноза откако во ладните ноќи тајно ја посетувал својата љубовница, а тоа довело до погрешна терапија се вели во новата студија за мајсторот на италијанската ренесанса. 

Популарен мит е дека славниот сликар, кој почина пред точно 500 години, почина во 1520 година на 37-годишна возраст од сифилис затоа што имал премногу љубовници.

Сепак, експертите сметаат дека Рафаело починал од друга инфекција. Треската на Рафаел во тоа време ја третирале најдобрите лекари во Рим, кои лично биле испратени од папата во страв дека ќе изгубат непроценлив уметник, изјави историчарот на медицината Микеле Августо Рива.

Италијанскиот сликар Џорџо Васари (1511-1574), кој пишувал за Рафаел, изјавил дека ренесансниот сликар не го известил лекарот навреме дека „честопати излегувал на студени ноќи кога ја посетувал љубовницата“.

„Беше многу студено тој  март и Рафаело веројатно доби пневмонија“, рече Рива.

Лекарите во тоа време, кои не знаеја за тие ноќни посети, утврдија дека Рафаело има треска „поради вишок расположение во крвта“ и заради тоа му дадоа терапија со пијавици и крварење. Таа терапија дополнително го ослабна уметникот, процени Рива.

Историчарот на медицината додаде дека лекарите во тоа време биле свесни за опасностите од терапија со крвавење при лекување на заразни болести, но тие го третирале уметникот врз основа на дезинформации.

Студијата наведува дека Рафаело починал од болест на белите дробови што е многу слична на денешниот вирус на корона.

И покрај краткиот му живот Рафаело оставил после себе си огромно живопишно наследство. Уште како млад тој бил прочуен како “сликарот на богородици“ . Голема слава му донасуваат и неговите фрески во Ватикан. Во ново време Рафаело е сметан за еден од трите големи уметници на ренесанса, заедно со Микеланџело и Леонардо да Винчи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести