Ако Косово биде признаено од Обединетите нации и Република Српска тргнува по патот на својата независност

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 11:47

Москва подготвена да го поддржи осамостојувањето на Република Српска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Москва е подготвена да ја поддржи Република Српска во иницирањето на прашањето за осамостојување од Босна и Херцеговина пред се во контекст на преговорите за конечното решение за Косово кои се очекува да бидат интензивирани во текот на септември тврди белградскиот весник “Вечерње новости”.

Според весникот ваквата порака на претседателот на Република Српска Милорад Додик би требало да му ја пренесе рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетите на Сараево и Бања Лука на 16-ти и 17-ти септември.

“Вечерње новости” тврди дека Москва преку неофицијални канали веќе “им испратила сигнали” на Белград и на Бања Лука дека со “големо внимение го прифатила цврстиот став” на Додик дека ако Косово стане членка на ОН и Република Српска “ќе тргне по патот на осамостојувањето”.

Лавров ќе допатува во БиХ само еден ден по средбата на претседателите на Русија и Србија Владимир Путин и Александар Вучиќ најавена за 15-ти септемрви во Москва.

Решавањето на косовското прашање се очекува да биде централна тема на разговрите Путин – Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.